Saturday, August 9, 2008

Гитаријада - Раотинце 02.08.08

На овој ден се одржа традиционалната Гитаријада во Раотинце која не била активна повеќе од десеттина години. Со тешки сили и малку средства (поради незаинтересираност на спонзорите), за кратко време од 5 дена се организираше оваа Гитаријада која ја плаќаа организаторите од џеб! Битно годинава се врати традицијата за догодоина да биде многу подобра и да биде многу поголема од годинешнава. На оваа Гитаријада свиреа бендовите:
Steel Thunder
Overtime
Mistycal Aspid (не ми текнува името, чудно е малку)
Pazarna Inspekcija
Alimentacija
Легендарниот Канго кој застана на сцената малку време, но многу раскажа за Македонија и рокенролот во неа
Warnament кои настапија само со две песни затоа што немаше време

Се на се помина во добар ред, само требаше да има повеќе луѓе, последните 3 бенда свиреа пред повеќе од 30 души. Догодина подобро, здравје!

No comments: