Гитаријада е фестивал, концерт или свирка, како сакате наречете го која се одржува еднаш годишно, традиционално на одреден датум. Насекаде во Македонија се одржувале Гитаријади, претежно по селата на отворена сцена со повеќе групи од секаде.
Гитаријадите се одржувале до половината на деведесеттите, потоа прекинале. Некои се враќаат со текот на времето, како на пример Гитаријадата во Миравци (Гевгелија), Гитаријадата во Кичево, Гитаријадата во Раотинце (Тетово)...
Се прават напори да се вратат Гитаријадите насекаде во Македонија, да се продолжи традицијата како некогаш. На Гитаријадите во Македонија свиреле многу познати и стари Македонски бендови како Медуза, Чоканче, Санаториум, легендарниот Канго, македонскиот Џими Хендрикс кој се појавувал на секоја Гитаријада и многу други...